FM PROTECT

За нас

Компанијата ФМ Протект Дооел е основана во далечната 1993 година, основна дејност и била продажба и трговија со прехранбени производи се до 2015 година, од тогаш започнува со продажба и трговија со Лична заштитна опрема и Промотивни материјали.

Во 2020 година фирмата го менува својот назив од Фано – Мак Дооел во ФМ Протект Дооел и моментално компанијата има две основни дивизии.

– Првата дивизија е во областа на безбедност при работа, односно продажба на Лична заштитна опрема (ЛЗО), притоа нудејќи исклучително висококвалитетни и сертифицирани производи.
– Втората дивизија е продажба и трговија на промотивни материјали, притоа нудејки над 1100 производи по нарачка и над 400 производи од лагер, за кои нудиме целосно брендирање од секаков тип.

Што можеме да понудиме?!
Можеме да понудиме, изработка и производство на производи на Ваше барање!
Можеме да понудиме шиена програма, која се произведува во Македонија и која се изработува исклучиво од увозни сертифицирани материјали и сме ретките кои нудиме гаранција од 80 перења за нашите модели!

Наша таргет група се сите компании, маркетинг агенции и посредници кои сакаат брзо и лесно да набават готови производи за своите потреби!

Нашата флексибилност и посветеност на работата ни овозможи да ја добиеме довербата на многу наши и странски компании кои работат во нашата држава!

Ве уверуваме дека за секое ваше барање можеме да најдеме решение!

Со почит,
ФМ Протект